СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА НАДМИНА ПОЛИТИЧКАТА НЕСТАБИЛНОСТ И СПРОВЕДУВА ДЕМОКРАТСКИ РЕФОРМИ, АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНС: РАЗОЧАРАНИ СМЕ ОД ТОА ШТО БУГАРИЈА ГИ СПРЕЧУВА МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ИНТЕГРАЦИИТЕ ВО ЕУ

0
291

“Остануваме разочарани што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми регионалната стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност” – порача американската амбасадорка Кејт Мери Брнс на првиот Скопски економски форум.

САД ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување кон ЕУ, бидејќи тоа е од заеднички интерес и стратешка цел.

“Северна Македонија ја надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регион и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стратешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми” – истакна Брнс.

Целите на САД на Балканот остануваат јасни и непроменети. САД во иднина гледаат на регионот да биде во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.