Филипче: На Инфективна и во модуларната болница веќе нема место. Клиниката за интерни болести ќе биде наменета за ковид пациенти

0
731

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.

-Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.

Тој истакна дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

-Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостиг на кадар, а така е и кај нас, во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен болнички третман е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница.  Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.

Тој истакна дека во моментот се уште нема потреба за активирање на приватните болници, односно таму да се сместуваат заразени пациенти, на товар на фондот.