МИЦКОСКИ ДА СЕ ДРЖИ ДО ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНОТО, ЗАЕВ: НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, СОБРАНИЕТО ТРЕБА ДА РАБОТИ БЕЗ БЛОКАДИ

0
890

“Предвремени парламентарни избори ќе нема, а следните ќе се одржат во 2024 година” – вели премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

“Тесното мнозинство ја држи Владата будна. Сметам дека време е да одработиме до крај, така што следните парламентарни избори би биле во 2024 година” – рече Заев. Изборите влијаат врз економијата и треба да се остави Владата да го одработи целиот четиригодишен мандат.

“После сериозни процеси, како што беа уставните измени, новата методологија на ЕУ, ние излеговме на избори за да провериме дали имаме поддршка од граѓаните, дали одиме по добар пат. Граѓаните одлучија дека сме на добар пат и тоа е доволно, имаме мандат четири години. Северна Македонија пати од предвремени избори. Еднаш треба да одработиме цел мандат за да ги видиме резултатите од Влада со мандат од четири години. Предвремени избори имаат влијание врз економијата, тоа значи заостанување. А сите тие договори од Преспа и со Бугарија се за економија, за работни места и избор, повисок БДП, Европа да ја донесеме дома” – потенцираше Заев.

Тој оцени дека блокирањето на Собранието не е добро служење на народот и истакна дека ќе стори се’ за договор со опозицијата.

“Јас сум прагматичен политичар, постигнувам договори. Постигнав сериозни договори за интересот на државата, ако има дијалог и решение тоа е добро за државата. Веќе имаме решение за Законот за државјанствата. Опозицијата побара одлагање на пописот, а ние во името на тоа сите да учествуваме на пописот, прифативме. Опозицијата побара и отисок од прст за локалните избори, иако не е лесно да се најдат 12 милиони евра во криза, сепак прифативме. Единствено што побаравме за возврат е одблокирање на Собранието. Во моментов има 25 или 26 закони кои се заглавени во Собранието” – рече Заев.