Американската амбасада во Скопје на Твитер се огласи по одлуката на Уставниот суд да ја затвори денешната седница за јавноста.
На Твитер од амбасадата прашуваат „Зошто Уставниот суд денеска одржува седница затворена за јавноста? Транспарентноста е клучна за секоја институција“.
Одлуката за затворањето на седницата беше објавена вчера на веб страницата на судот, но нема образложение зошто и кој одлучил да се забрани присуство на новинарите.
Why would the Constitutional Court close today’s session? Transparency is essential for any institution. #QuestionoftheDay
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) March 16, 2016