ОД БИХАЌКА ЗАПУКАА СО БОЕВА МУНИЦИЈА ПРОТИВ КРИМОСОТ : Осудениот криминалец Милошоски нема кредибилитет да зборува за ништо, освен за неговите кривични дела и процесите што пред судовите се водат против него

0
1265

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ

Осудениот криминалец во Германија, Антонијо Милошоски нема грам кредибилитет да зборува за било што во државата.

Наместо да шета наоколу и да шири лажни вести и дезинформации, Милошоски треба да ги дочека разрешниците на предметите што се водат против него.

Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.

Милошоски, човек осуден во Германија и близок соработник на Христијан Мицкоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови.