ПОДДРШКА ЗА ИМУНИЗАЦИЈАТА: МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА ВАКЦИНА СИНОФАРМ

0
140
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се вакцинираше против Ковид-19. Оваа информација министерката ја потврди на нејзиниот фејсбук профил и воедно апелираше граѓаните да се вакцинираат.
“Во одбрана на здравјето, вакцинирајте се! Да го заштитиме своето здравје и да придонесеме за колективното. Доколку не сте вакцинирани, пријавете се на www.vakcinacija.mk” – напиша Шекеринска.