ВО ПОСЛЕДНИТЕ 8 МЕСЕЦИ БИТОЛСКИ КОМУНАЛЕЦ РАСТОВАРЕН ОД СТАРИ ДОЛГОВИ, ВЛОЖИ 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА, НАТАША ПЕТРОВСКА: ЗА ПОДОБРА ГРАДСКА ХИГИЕНА НАБАВЕНА Е НОВА МЕТЛАРКА НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН ЗА 10,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, НАСКОРО ЌЕ СЕ НАБАВАТ УШТЕ ДВЕ

0
825

Набавена нова метларка за подобрување на услугите кон граѓаните. Инвестиција од 10,5 милиони денари. Само во последниве 8 месеци во ЈП Комуналец набавена е механизација во висина од 40 милиони денари. Финансиската стабилност на општината влијаеше на финансиската стабилност на јавните претпријатија.

Инкасирањето на 6 милиони евра кон јавните препријатија од страна на општината што по основ на стари долгови што по основ на изведени активности, успешните политики, создадоа услови за многу поквалитетни, современи услуги.

Следуваат уште две метларки на електричен погон, кои значат за заштитата на животната средина не само од аспект на повисока хигиена туку и заради електричниот погон на кој работаат. Честитки за успешното менаџирање на ЈП Комуналец.

-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА, НАТАША ПЕТРОВСКА