СПАСОВСКИ И МИТКО ЈАНЧЕВ ГИ ПРЕЧЕКАА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ФРОНТЕКС КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ ЈУЖНАТА ГРАНИЦА ОД ЕМИГРАНТИ

0
318

Добредојде на полициските службеници од Европската Агенција за гранична и крајбрежна стража-ФРОНТЕКС во Регионалниот центар за гранични работи Југ во Кавадарци.

Официјално започнување на Заедничката операција „Северна Македонија 2023“ – на службениците на ФРОНТЕКС кои ќе бидат распоредени на границата кон Република Грција, предвидена да трае до 24 јануари 2024 година, со можност за нејзино продолжување, а со цел поддршка на националните служби во граничната контрола и управувањето со миграциите, вклучувајќи ги и превенцијата, откривањето и спречувањето на прекуграничниот криминал, во прибирањето и размената на оперативни информации и идентификувањето на можни ризици и закани , јакнење на оперативната соработка и поддршка на оперативните капацитети.

Очекуваме истата да придонесе за поефикасно справување со прекуграничниот криминал, вклучително и криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе и тероризмот како глобални предизвици. Заедништвото на оваа операција се согледува и преку вложување во персонал и опрема за да обезбедиме поголема безбедност.
Планирано е во текот на 2023 година ФРОНТЕКС да распореди повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема на македонско-грчката граница со што значително ќе се зголемат капацитетите за откривање на илегалните активности вдолж границата , притоа почитувањето и заштитата на основните права на секое лице засегнато од операциите на ФРОНТЕКС е во центарот на активностите на агенцијата.