(ВИДЕО) 360 степени: Компјутерот на „независното“ сваровски судство ги дели предметите за најпристрасните телевизии кај исти судијки

0
1227

По секои избори, па и по декемвриските, најважен е резултатот и постизборните комбинаторики за власт. Ретко кој сака да го анализира предизборието и искуството од него. Се до следното, кога во цајтнот ќе се носат нови брзоплети и половични решенија.

Пред овие избори многу време и енергија беа потрошени за договарање механизми со кои медиумите ќе се стават во рамка, која ќе обезбеди балансирано известување и еднаков пристап до рекламниот простор и за власта и за опозицијата.

Ад хок телото, преку Агенцијата за медиумски услуги, отвори 67 постапки за прекршувања на Изборниот законик, од кои повеќе од една третина за само две телевизии.

Но, популарниот АКМИС, автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети, сите пријави за двете телевизии, по случаен избор, ги доделувал кај исти две судијки. А, тие речиси сите случаи ги решиле во прилог на тие телевизии.

За оваа нова индиција за спрега партија-медиуми-судство и за искуствата со ад хок телото – повеќе од видеото.