За следната недела се очекуваат вакцините Спутник В за Северна Македонија

0
910

Во текот на следната недела ќе стигнат вторите 3.000 дози од „Спутник В“ кои ќе се користат како втора доза за здрасвтвените работници кои ја примија првата доза, најави премиерот, Зоран Заев.

Заев очекува кон крајот на месецот или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Првите дози преку Ковакс механизмот Заев ги очекува до крајот на март. Дополнително за кинеските вакцини се чека точна информација од кинескиот министер за одбрана кој ќе доаѓа во посета на Северна Македонија на 30-ти март.