ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН НАПАДНАЛ БИТОЛСКИ СОВЕТНИЦИ ВО КАФЕАНА, СЕ ЧЕСТЕЛЕ ЗА БУЏЕТОТ И ПРАЗНИЦИТЕ ШТО ИДАТ

0
2281

Три лица се уапсени од полицијата, откако сакале физички да се пресметаат со советници од Општина Битола додека овие биле на предновогодишна прослава организирана од локалната самоуправа,јави фактор.мк
Имиња не се соопштуваат, а единствено познато е дека се синоќа околу 21.20 часот во угостителски објект во Битола приведени се А. Т.(48), А. Т.(26) и М. Т.(27), сите од Битола.
Тие се однесувале агресивно кон советници од Советот на Општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив, соопштија од МВР.

Предновогодишната прослава била организирана синоќа по одржаната седница за усвојување на буџетот на Општина Битола.

На битолски Широк Сокак, познат битолски бизнисмен синоќа упатил закани по живот кон претседателката на Советот на Битола, Габриела Илиевска, и кон десетина други битолски советници, кои седнале да вечераат по одржаната седница на којашто беше изгласан буџетот на Општина Битола, пренесува порталот „Независен“.
Бизнисменот наводно дошол со уште тројца други мажи, за кои некои велат дека всушност се негови синови, и упатиле вербални закани кон Илиевска и кон советниците.
Илиевска во разговор со „Независен“ потврдила дека таа и останатите советници добиле закани, по што повикале полиција да ги извлече од ресторанот.

Бевме присутни над десет советници на вечера, се појавија 4 лица од кои тројца ни беа познати и само еден непознат. Упатија вербални закани, животозагрозувачки кон сите во просторијата. Заминаа и по неколку минути побаравме сметка и ние да заминеме бидејќи беше непријатна ситуација за сите, но вработената ни кажа дека нѐ чекаат долу на првиот спрат и дека не ќе можеме да излеземе. Викале дека ќе нѐ убијат. Јас повикав полиција, па дел од советниците беа извлечени кога дојде полицијата зашто сите бевме загрозени. Се врати полицијата и ние останатите да заминеме, но напаѓачите се вратија во просторијата и упатија уште поголеми закани ко нас. Побарајте информација и од полиција – изјави Илиевска за порталот.

Приведените се однесувале агресивно и кон полициски службеници, по што биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.