Андревски: Има начин како да се победи Бугарија во спорот

0
752

Алфа тв си најде некаков професор по менаџмент од кралски универзитет во Канада, Андревски кој што ја промовира тезата дека со т.н. теорија на игри постои начин како Македонија да си го врати уставното име или пак да стане членка на ЕУ а притоа да ги зезнеме соседите Бугарија и Грција. Ова правење Бајрам со умот служи само за инструментализација на тезата против надворешната политика на Северна Македонија и меѓународната поддршка што ја има премиерот Заев.

ВМРО-ДПМНЕ бара начини како да обезбеди дополнителна јавна поддршка со фамозни квазинаучни покритија за тоа што со години го манипулира јавноста дека биле решени да ги поништат двата договори со соседите. Очигледно е дека во партијата немаат поим како треба да се води паметна надворешна политика од позиција на мала земја со многу ограничени ресурси. Политиката е над правото и историјата, таа треба да понуди визија за иднината и не може да се третира како математички проблем.

Треба да се нагласи и дека Преспанскиот договор е потпишан од двете страни со меѓународната заедница како гарантор за исполнување на обврските и дека не постои начин за поништување на тој договор без да се согласат и големите сили.