Влада: Учеството на пописот е задолжително по закон

0
1209

Пописот е задолжителна обврска на секој граѓанин, а повикот на бојкот и бојкот се кривични дела, порача денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

“Пописот е граѓанска обврска утврдена со Закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако пак поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години“, е истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.