КРАДЦИ МИ ДОЈДОА НА ГОСТИ – ГРАЃАНИТЕ ОД СКОПСКО ЦРНИЧЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕКОЈДНЕВНО ИМА КРАЖБИ ПО КУЌИТЕ

0
514

Граѓанин од скопската населба Црниче на Водно на Фејсбук објавил видео од сигурносни камери на кои се гледа како двајца крадци со некакви маски на лицата пробуваат да влезат во луксузна куќа во населбата. Во фејсбук-група граѓаните коментираат дека кражбите во овој дел од градот се чести. Во постот тие и го повикуваат градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски да преземе нешто за ваквата појава.

Во други објави на групата се вели дека крадци за влакно ја избегнале полицијата во грабеж во саботата, додека воеден граѓанин вели дека жена ги видела како бегаат со мотор.

„Навистина се претера. Ало полиција. Комшии внимавајте, крадците оперираат на најјако во населбава. Вечерва повторно извршена е провала во куќа на ул. Св.Наум Охридски и ова не е прв пат. Провалата е во фамилијарна куќа во која има постојана фрекфенција на луѓе во секое време и не се ни плашат дали ќе ги пресретне некој.
Читам во групава за чести вакви настани во населбава и не знам што да преземеме да се заштитиме. Институцииве очигледно се немоќни да се грижат за безбедноста на граѓаните (со години, континуирано, верувам дека иста група оперира во населбава), освен да препорачаат приватно обезбедување“, се вели во објавата.