ВО АВСТРИЈА ЌЕ ПОСКАПИ ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА 17% ОД ПРВИ ЈАНУАРИ: СЕ ОЧЕКУВААТ СЛИЧНИ ПОКАЧУВАЊА НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

0
1125

Oператорите со електрична струја во Виена, Долна Австрија и Бургенланд на почетокот на следната година ќе ја покачат цената на струјата за околу 17%.

За домаќинство со годишна потрошувачка од 3500 киловатчасови тоа ќе значи месечно зголемување за 13 евра по први јануари според пресметките од операторите во трите провинции во источна Австрија, Energie Allianz.

Поскапувањето е неизбежно поради движењето на цените на меѓународниот пазар на електрична енергија и порастот на австрискиот индекс на електрична енергија за 84% за една година.