(ВИДЕО) БОМБА НА СПАСОВСКИ: ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ НОСАТ БОДИ КАМЕРИ, ПОЧНУВАМЕ СО ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА

0
1184

– Полицајците ќе носат боди камери, почнуваме со полицијата во Тетово како пилот проект, но ќе се инсталира ширум целата земја. Чест ми е што повторно можам да го водам МВР и заедно со сите вработени да придонесеме за подобра безбедност на граѓаните.

Во претходниот мандат значително ја зголемивме довербата на граѓаните во полицијата и во наредниот период ќе продолжиме во иста насока, со чесна и одговорна работа, транспарентно и секогаш во функција на граѓаните.

Добрите резултати на полицијата доаѓаат со мотивација на полициските службеници, со постојано подобрување на условите за работа и стандардот, а тоа ќе го правиме уште поинтензивно во наредниот период, продолжуваме со реновирањето на полициските станици, но и со изградба на нови објекти, набавка на нови униформи.