Friday, May 16, 2025
11 C
Skopje

СТАБИЛНОСТА НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ Е ИМПЕРАТИВ, БИСЛИМОВСКИ: КОМПАНИИТЕ ГИ ПРАВАТ ПРЕСМЕТКИТЕ ЗА НИВНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

Домашното производство на електрична енергија по први јануари, статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети во државава биле темите на денешниот редовен координативен состанок на РКЕ со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција, Операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО, ТЕЦ Неготино и со претставници на Владата и Министерството за економија.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски изјави дека стабилноста на електроенергетскиот систем е императив и сите чекори кои се преземаат од енергетските компании и институции се насочени кон сигурна и стабилна испорака на електрична енергија во државата.
“На состанокот се отворија прашањата за домашното производство на електрична енергија по први јануари и се презентираше статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети кои се на располагање во државава. Што се однесува до предизвикот кој нѐ очекува во однос на цената, компаниите сѐ уште немаат доставено барања до РКЕ за истата. Во периодот што следува компаниите ќе ги сумираат трошоците кои ги имаат во изминатиот период во кои клучна ќе биде цената по која ќе се набавува електричната енергија, а за кои МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат јавни повици и ќе ги достават до РКЕ” – изјави Бислимовски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ