БОЈКО ПО СРЕДБАТА СО МИЦКОВСКИ: Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна

0
865

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа оствари средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, за време на состанокот во Загреб.

Тој апелираше до Македонија да се откаже од антибугарската реторика, доколку нашата држава сака да влезе во ЕУ.

„Синоќа разговарав со колегата Мицкоски. Антибугарската реторика која тие ја користат треба да ја заборават и да сфатат дека е погрешна. Доколку некој од нив каже дека Бугарија е фашистички окупатор, тогаш нема да добијат помош од нас, затоа што не сме окупатори, а историјата нема да се менува. Никогаш нема да дозволам на Бугарија да и лепат таква етикета“, истакна Борисов за Спутник.