ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ НА СДСМ, ПЕТРОВСКА: ПОТВРДЕНИ СЕ ТРИ КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА НОВ ЛИДЕР НА СДСМ

0
751

“Од пристигнатите 4 пријави за претседател на СДСМ, се прифатени 3” – изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

“Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се 4 кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучи дека 3 кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе, е известен за тоа“ – рече Петровска.
Потврдени се кандидатурите на Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии; Фросина Ременски, екс пратеничка и екс потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на ТИРЗ.