ГРАД СКОПЈЕ НЕ СМЕЕ И НЕМА ДА БИДЕ ПОД УЦЕНА НА КРИМИНАЛЦИ

0
671

Почитувани,

Лицето Елвис Симоновски, на ден 09.01.2023 извршил кривично дело, физички и вербално напаѓајќи го секретарот на градот Скопје во присуство на повеќе вработени од градот, за што е уредно пријавен во МВР кое постапува по пријавата.

Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот.

Санкционирањето на вработени за кршење на работниот ред и дисциплина и тешки повреди на работниот процес е определено со закон и подзаконски акти и не подразбира мобинг. За овие тврдења, лицето ќе има можност покрај кривичната пријава, вистината да ја докажува и пред надлежниот суд.

Инаку лицето Елвис Симоновски има казнена евиденција и кривично досие. Во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела и тоа за фалсификување на исправа, за затајување и тешка кражба. Тоа што ова лице имало поддршка од неговите партиски колеги за толерирање на неговото непрофесионално однесување не значи дека оваа градска администрација ќе подлегне на ваквите партиски притисоци.