ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ОД НОВИОТ БУГАРСКИ МАНДАТАР, КИРИЛ ПЕТКОВ: ПОТРЕБНО Е ДА ФОРМИРАМЕ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ГРУПИ ЗА ПОШИРОКА СОРАБОТКА МЕЃУ НАШИТЕ ДВА НАРОДИ

0
943

Една од првите задачи на новиот бугарски премиер е да се формираат работни групи меѓу Бугарија и Северна Македонија за да се воспостави поблиска соработка во различни области. Тоа е ставот на Кирил Петков, копретседавач на победничката партија “Продолжуваме со промената”.

Овие меѓудржавни работни групи треба да бидат слични на тие во преговорите меѓу идните коалициски партнери во Бугарија.
“Да има работни групи за економија, инфраструктура, култура, историја, човекови права и да почнат да работат на секоја од овие теми што е можно потранспарентно, за да можат двата народа да се запознаат со реалните теми и секој да почне да размислува која е цената ако нема добрососедство меѓу двете земји и обратно, какви се успесите ако има вистинско добрососедство” – рече идниот мандатар Кирил Петков.

Темата за историјата не треба да се игнорира, но ќе биде само една од темите на разговорите.

Петков додаде дека за да стигне до Скопје со авион, морал да лета преку Виена и за него е чудно зошто да нема железничка линија која ќе ги поврзе Бугарија и Северна Македонија.