ГЕРМАНИЈА ВОВЕДЕ ОСТРИ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ПОРАДИ ВАРИЈАНТАТА ОМИКРОН: ИМ СЕ ЗАБРАНУВА ПРИСТАП СЕКАДЕ ОСВЕН ВО ПРОДАВНИЦИ ЗА ХРАНА И АПТЕКИ

0
1140

Германија воведе остри рестрикции за невакцинираните во обид да го запре драматичното зголемување на дневните инфекции со коронавирусот омикрон.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел и новиот мандатар, Олаф Шолц се договорија со лидерите на 16 германски покраини да им забранат на невакцинираните пристап секаде освен во продавници за храна и аптеки.
Тие се согласија да се подготви закон со кој вакцинацијата ќе биде задолжителна.

За да се избегнат блокади и да не се наруши кревкото закрепнување на најголемата европска економија, ги задржаа бизнисите отворени за речиси 69% целосно вакцинирано население и за оние со доказ дека се опоравиле од Ковид-19.