(ВИДЕО) РАЗОРНА БОМБА: Анкета на ТВ 24 и ТИМ институт вели дека на предвремени избори СДСМ без ДУИ ќе освои 60 пратеници!!!

0
3110

Најновото истражување за ставовите и перцепцијата на граѓаните за социополитичката состојба во Република Македонија што го изготви Тим Институт за потребите на Телевизија 24 покажува дека 32.6 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, додека 32,2 отсто одговориле дека земјата се движи во правилна насока.

Во однос на прашањето кој е најважен проблем со кој се соочува Македонија во моментов, од вкупно 1096 испитаници над 18 години, најголем процент, дури 35.1 отсто одговориле дека економијата и вработеноста се најважен проблем. Потоа следуваат Евроатланските интеграции, па општата политичка сосотојба, односно политичкиот дијалог, проблеми кои се најважни за 17,9, односно 17,3 отсто од испитаниците. Прашањето за името е важен проблем само за 1.3 отсто од испитаниците.

Што се однесува до прашањето за референдумските резултати, 46,1 отсто од испитаните граѓани се согласиле со изјавата: Владата треба да ја почитува волјата на мнозинството кои го поддржаа Договорот и да продолжи со процесот на негова имплементација, додека само 32 отсто од испитаниците во истражувањето се согласиле со изјавата: На референдумот гласаа помалку од 50 проценти што значи дека граѓаните го отфрлаат.

Повеќе од половина од испитаниците, или 51,5 проценти по референдумот би сакале  2 третини од пратениците во Парламентот да го поддржат Договорт и да се усвои, а само 34 отсто би сакале Парламетот да го отфрли Договорот и да се вратиме на почеток. Во случај да има предвремени парламентарни избори, најголем број од испитаниците, односно 29,1 отсто ќе гласаат за Коалицијата предводена од СДСМ, а 18,1 отсто за Коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ. Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 9 октомври 2018 на 1096 испитаници, државјани на Република Македонија на возраст од 18 години и постари.

Извор : 24 Вести