ВМРОВСКАТА МЕНАЏЕРКА ДАНЕЛА СИ НАЗНАЧИ СВОЈ ДИРЕКТОР ВО ЈСП И КРЕНА РАЦЕ: СЕГА ЈСП БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ОТКАКО МЕТАНОТ ЗА АВТОБУСИТЕ НАЕДНАШ ПОСКАПИ ДВОЈНО

0
1395

“Билетот за јавниот градски превоз во Скопје нема да поскапи по двојното зголемување на цената на метанот, гориво што го користат 33 автобуси од ЈСП Скопје, но директорот Иван Илиевски назначен од градоначалничката Данела Арсовска, сега бара Владата да им помогне.

“Цената на метанот од вчера поскапе од 50 на 110 денари поради што трошоците на претпријатието двојно ќе се зголемат” – рече директорот Илиевски.
“На метан возат 33 нови автобуси на МАН. Лани за нив горивото чинеше околу 1 милион евра а со новата цена ќе требаат 2 милиони евра. Затоа бараме Владата да ни помогне, а Регулаторна комисија да ја замрзне цената на метанот” – рече Илиевски.
Регулаторната комисија за енергетика нема ингеренции за метанот и тоа требал директорот досега да го знае.
“Овој ценовен шок дополнително ќе има негативно влијание за и онака нашата лоша финансиска состојба, па од тие причини, автоматски сме принудени да размислуваме какви мерки да преземеме, а тие да не се одразат лошо на квалитетот на јавниот превоз, односно на услугите кои ЈСП Скопје ги нуди на скопјани. Затоа и бараме помош од централната власт. Ќе го следиме развојот на настаните и во зависност од исходот, ќе делуваме. Крајна опција во случај да не ја добиеме бараната помош е редуцирање на возниот ред. Во меѓувреме можеби ќе побараме и дополнителни наменски субвенции од Град Скопје, односно од Советот кои и досега имаа разбирање за нашата состојба и бескрајно сум им благодарен за целата соработка и поддршка” – рече Илиевски.