КРИВОСУДСТВОТО Е КЛИНИЧКИ МРТВО, ГО ИЗЕДЕ КОРУПЦИЈА ДО КОСКА: И КАМЧЕВ ПОНУДИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА КАКО ГАРАНЦИЈА ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР, СУДОТ ПРИФАТИ ТОЈ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА

0
1210

Олигархот Орце Камчев ќе излезе од затворот каде помина скоро една година во притвор. Скопска апелација прифати тој да се брани во случајот “Плацови на Водно” од слобода. Судот му бара да се пријавува редовно дека е во државата откако му е прифатена гаранцијата од скоро 11 милиони евра.

На 31-ви декември, Камчев беше однесен на лекување во Систина поради здравствени проблеми. Претходно десетина пати тоа барање му беше одбиено и беше препраќан на државните клиники.
Овие одлуки на судовите се во најмала рака скандалозни бидејќи по иста шема се злоупотребуваат правните можности за да се изигра успешното завршување на случаите и казнувањето на виновниците.