СПАСОВСКИ : ТРИ ГОДИНИ ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО АЛИЈАНСАТА – ТРИ ГОДИНИ ГАРАНТИРАНИ СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ – НА ГРАЃАНИТЕ, НА ДРЖАВАТА И НА РЕГИОНОТ

0
328

Денеска, на покана на министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствував на свеченост по повод одбележување на годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и Денот на НАТО.Три години полноправно членство во НАТО Алијансата – три години гарантирани стабилност и безбедност – на граѓаните, на државата и на регионот.

Никој никогаш повторно нема да посегне по дестабилизација или загрозување на безбедноста на граѓаните. И, никогаш поважно не било да сме дел од колективната безбедност на најмоќниот безбедносно-политички сојуз НАТО.
Како сојузници даваме директен придонес кон глобалната безбедност за мирен развој, територијален интегритет, спокој за граѓаните.

Денес е тоа особено значајно, имајќи ја предвид безбедносната димензија на глобалните поместувања кои покажаа дека, сепак, конвенционалните војни се сè уште дел од глобалните безбедносни предизвици, но сега придружени со хибридни закани и напади во информациската средина.

Токму оваа трансатлантска врска помеѓу нациите, базирана на заедничките вредности како што се индивидуалните слободи, човекови права, демократија и владеење на правото – е клучот за безбедноста.

Нека ни е за многу години НАТО сојузништвото на сите!

#НиеСмеНАТО #ЗаедноПосилни

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.