(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРИЛЕПСКИТЕ КОМУНАЛЦИ СЕ РАСКОСТИЈА ОД РАБОТА : Чистење на дива депонија низ градот и околу

0
1210

Комуналците од денeска ја чистат дивата депонија на ул,, Александар Македонски,, на крајот од егејските згради. Иако овој простор се најдува на главната артерија за влез во градов, несовесни граѓани редовно одлагаат комунален отпад и градежен шут. Гледката е повеќе од разочарувачка со оглед на тоа што на влезот во градов посетителите ги пречекуваат купишта расфрлан отпад.

Според жителите од овој дел од градов тие одамна од Локалната самоуправа барале соодветна празна парцела на која ќе се изгради парк, но таква поголема парцела во оваа населба нема. Идејата за изградба на овој мал детски парк е од поранешен жител од населбата, кој доаѓаќи во градов редовно гледал исфрлен отпад на местото каде некогаш со своите другари играле детски игри, а во тоа време била ливада.

ЈКП,, Комуналец,, и Локалната самоуправа ќе овозможат да се исчисти и уреди овој простор со тревнат дел, патеки и клупи, додека граѓанинот кој е инцијатор за уредување на овој простор ќе ги донира и постави детските реквизити.

Иако просторот е мал, сепак со изградбата на парк од помал обем ќе се спречи појавата ова место да претставува ѓубриште, а на негово место во иднина најмладите ќе имаат простор за забава и релаксација.