Караџовски: Вирусот е непредвидлив, го има во САД, Бразил, Индија, не прашува за вера, нација, ЏДП

0
613

Вирусот е непредвидлив, го има во населени места каде во дел не се почитуваат мерки, изјави денеска Д-р Жарко Караџовски.

Тој вели дека вирусот не е готов, и дека никогаш не тврдел дека вирусот е победен.

Караџовски додаде дека тоа ќе се случи кога ќе се пронајде вакцина.

„Гледате што се случува во светот, вирусот го има во САД, во Бразил, не прашува за вера, нација, БДП, раст“, рече Караџовски.

Кажа дека давал стручно мислење, и не чувствува одговорност за олабавување на мерките, затоа што како што рече не сторил кривично дело за да чувствува одговорност.

„Се што работам е во интерес на државата“, вели тој.

Тој е разочаран затоа што дел од граѓаните не ги почитувале мерките за заштита.