СО УВОЗ НА ЈАГЛЕН И СО ИСКОП НА ДОМАШЕН ЈАГЛЕН ЌЕ СЕ НАДМИНЕ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА, БИТИЌИ: ФИНАНСИСКИ ЌЕ ИНТЕРВЕНИРАМЕ И ВО ТЕКОТ НА ИДНАТА ГОДИНА АКО ИМА ПОТРЕБА

0
1063

“Будно следиме, ако има потреба на почетокот на следната година со интервенирање со финансиски средства, имаме предвидено средства во буџетот, и тоа ќе го направиме, затоа што сметаме дека само така знаеме кога на граѓаните и на стопанството им е потребна помош од страна на Владата” – изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој потенцираше дека 65-те милиони евра кои што беа предвидени со одлуката за прогласување на енергетска криза не се наменети само за набавка на електрична енергија, туку се поделени во три различни мерки.

“Мислам дека во јавноста се даде една погрешна информација, 65 милиони евра се поделени во три различни мерки. Една од мерките е набавката на јаглен, затоа што само набавката на дополнителните количини а јаглен ќе ни овозможи дополнително производство на електрична енергија, која е далеку поевтина од таа која што можеме да ја набавиме на берзата. Само за споредба, сегашната цена на производство на јаглен е за четири пати пониска од што можеме да ја набавиме на берзата и затоа ние се стремиме на набавка на јаглен, на отворање нови количини на јаглен од нашите извори иако се со слаб капацитет” – рече Битиќи.

“Направивме сет на мерки и тој чини 65 милиони евра кои што сметаме наредните шест месеци ќе направи да осигураме дека ниту домаќинствата, ниту стопанството не треба да се грижат за нивната иднина и околу енергетската криза” – порача Битиќи.