Двајца вработени од МЖ Транспорт биле приведени во полиција откако биле пријавени дека во службена канцеларија копале криптовалути.
Инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром вчера ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради сомнеж за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Случајот во МВР го пријавило раководно лице во претпријатието откако била забележана поголема потрошувачка на струја.