СИЉАНОВСКА Е ТЕЖОК ЛАЖОВ: Се фали дека немала штаб – A досега посети преку 20 штаба на ВМРО-ДПМНЕ!

0
1322

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, на социјалната мрежа напиша дека немала партиски штаб и дека таа е надпартиски кандидат, а кампањата уште непочната посетила 20-тина штабови на ВМРО ДПМНЕ.

Овој став наиде на остри реакции на социјалните мрежи, па така многумина почнаа да споделуваат фотографии кои самата Силјановска ги објавила на фејсбук, а се од посетите на штабовите на ВМРО ДПМНЕ, каде што таа има средби со членството на партијата.

Речиси сите средби и посети на Силјановска во контекст на изборите се во организација на локалните ограноци на ВМРО ДПМНЕ.

Претходно Силјановска напиша:
„Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата”, напиша Силјановска на социјалните мрежи