Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки.
“Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Северна Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата” – изјавија од португалското претседателство со ЕУ.
Останува на секоја земја-членка на ЕУ да одлучи точно кои специфични барања ќе им ги наметне на патниците. Се очекува до крајот на неделава да биде донесена конечната одлука.