НЕОЧЕКУВАН ШОК ЗА ГРУЈЧЕ И ГРУЕВЦИ, ЕДЕН ОД РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НА ТЕЛМА – Богојески: Осум високи функционери до Груевски се заштитени сведоци на СЈО!!!

0
2974

Осум функционери во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и кои се до Никола Груевски се заштитени сведоци на Специјалното јавно обвинителство, изјави еден од иницијаторите за реформи во партијата, Петар Богојески на Топ Тема на Телма.

Тој ова го кажа во контекст на кампањата која ја води раководството на партијата и Никола Груевски кон иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ дека се заштитени сведоци во СЈО против Груевски и други функционери на партијата.

-Во СЈО ниту еден заштитен сведок не се заведува со име и презиме туку со псевдоним. Никој од реформаторите не е заштитен сведок, и затоа нека бидат релаксирани, никој од нас не е сведок, рече Богојески.

Нашата иницијатива е да ја заживееме партиската структура за да победиме на изборите. Во последниве години услов за напредок во партијата е кој повеќе ќе искодоши некого, рече Богојески.