(ФОТО) Фатиме Фетаи со обетки „Сваровски“ пред судијката што го суди Груевски

0
1791

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи носеше обетки „сваровски“ на денешното судење против обвинетиот Никола Груевски и уште 13-мина други, за насилствата во Општина Центар и нарачаните шамари за Андреј Жерновски.

Судијка на овој случај е в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова.

Претходно, специјалната обвинителка Ленче Ристоска носеше пенкало со „сваровски“ кристал на 28 ноември, на првото рочиште по обвинението на СЈО против ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујовски и други шестмина вработени во УБК дека противзаконски запалиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување.

Ова се првите два обвинителни предлози на СЈО, а судијка на процесот против Грујовски од УБК е Лидија Петровска, која во „бомбите“ на опозицијата беше споменувана како „сваровски судијката“.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ