СО НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ДЕЦАТА, ШАХПАСКА: ГРАДИМЕ НОВА ГРАДИНКА ЗА 200 ДЕЦА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

0
649

Нов објект на детската градинка Црвенкапа со капацитет да згрижи 200 деца од предучилишна возраст се гради во Општина Аеродром. Во градинката ќе може да бидат згрижени 170 деца од две до шест години и 30 деца до две години.

“Инвестираме во иднината на нашата држава, тоа е инвестицијата во најмладите, во децата од претшколска возраст. Ова говори за нашата посветеност да се почне со раниот дтски развој преку еден системски организиран начин, низ воспитниот и образовниот процес, затоа што добро подготвени деца од градинките влегуваат подготвени натаму во образовниот процес” – рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по увидот на изградбата на градинката.

Таа информираше дека изминатите девет месеци биле отворени 12 детски градинки со капацитет да згрижат 700 деца. До крај на годината ќе бидат завршени 13 детски градинки кои се во изградба со што ќе бидат обезбедени места за дополнителни 1350 деца. Паралелно со инвестициите во инфраструктурата се инвестира и во кадарот со цел да се обезбеди најквалитетна грижа за најмладите.