ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ, ОД УТРЕ ЕУ ЌЕ ОГРАНИЧУВА ВНЕСУВАЊЕ НА КЕШ ДО 10 ИЛЈАДИ ЕВРА И ЗЛАТНИ ПРЕДМЕТИ

0
1068

Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети кои што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат на сила утре, со тоа што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10 000 евра или повеќе или противвредност во други валути, како и други средства за плаќање како што се патнички чекови или меници.

Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.

Од утре ќе се применуваат бројни измени во ЕУ што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни преносот на големи количини на неоткриена готовина.

Прво, дефиницијата за готовина според новите правила ќе се прошири за да вклучува и златници и други златни предмети.

Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10 000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминални активности.