Операторот ,,ВИП” крахира, ќе го води нов тим на Загреб

0
1225

Македонскиот оператор ,,ВИП” од идниот месец ќе биде управуван од Загреб, како што дознаваме тоа е поради лошиот менаџерски тим, иако во соопштението на ,,ВИП” стои образложение дека македонскиот оператор ќе биде превземен од Загреб поради бизнис реорганизација во југоисточна Европа.

Vip-Mobile

Катастрофалната состојба во телекомуникацискиот сектор во Македонија очигледно не го поштеди и операторот ,,ВИП” кој одреден и подолг период беше мета на огромен број на критики поради неговата лоша мрежна опфатеност, а како резултат од крахот на Aвстрија телеком се и отпуштените директори од работа.

Во образложението за овој потег на ,,ВИП” се спомнува и името на познатиот бизнисмен Карлос Слим со кој премиерот Никола Груевски пушеа пури и Министерот за Информатичко општество Иво Ивановски најавуваа огромни инвестиции во информатичкиот сектор но сепак Карлос Слим одлучи парите да ги вложи во Телекомот во Австрија.

Ова е само дел од низата на афери кои го тресат македонскиот оператор ,,ВИП” каде и покрај името на Карлос Слим и неговата компанија ,,Америка мовил” сериозни се и критиките околу стабилноста на мрежата како и зачувување на работните места на вработените во ,,ОНЕ – Телеком Словенија” и ,,ВИП” откако овие два оператори ќе се спојат.