СЕ РАЗГЛЕДУВААТ МЕРКИ ЗА ПОМОШ НА УГОСТИТЕЛИТЕ, ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ И ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ, БИТИЌИ: ОЧЕКУВАМЕ СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАВИРУСОТ НО СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПОМОГНЕМЕ КАДЕ ШТО Е ПОТРЕБНО

0
1097

“Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри” – изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

“Како и секогаш, ги следиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка, ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени” – рече Битиќи.

Исто така тој порача дека воведените рестриктивни мерки се привремени.

“Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно” – потенцираше Битиќи.

Препораката на Комисијата за заразни болести беше единствен критериум за одлуката на Владата да дозволи угостителските објекти повторно да можат да работат во затворените простори со 30% од капацитетите.

“Искрено не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто тоа се дозволи, но тоа беше препорака од Комисијата за заразни болести и така се постапи. Сметам дека во одреден период требаше да има многу порестриктивни мерки и дека според Комисијата за зарасни болести сега најверојатно сме стигнати до пикот на четвртиот бран на Ковид-19 и бројките не би требало да одат нагоре” – рече Битиќи.