ПОРТАЛОТ 360 ГО ФАТИ ВО ЛАГА ЈОВО ПРЕВАРА: Кога Јово Вангеловски ја зборува вистината – денеска за „Телма“ или кога го ослободил Камчев од куќен притвор?!

0
1325

Телевизијата „Телма“ го цитира претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, кој во телефонски разговор им рекол дека „адресата за коментар на снимката (н.з. објавена од италијанскиот весник „Ла Верита“) не треба да биде највисокиот суд, бидејќи откако го донеле начелното правно мислење било логично да им ги укинат домашните притвори на осомничените во „Империја“.

Но Вангеловски, според пренесеното на „Телма“, прашува зошто СЈО не поднело вонреден правен лек односно да бара заштита на законитоста ако било незадоволно од нивната одлука за „Империја“.

Решението на Врховиот суд од 4 март 2019 г., со кое се укинува мерката куќен притвор за Јордан Камчев и тој се пушта да се брани од слобода, фрла сосема друга светлина на овој случај.

Во документот потпишан лично од Вангеловски, кој претседавал со петчлениот Совет што го донел Решението (во кој се и судиите Џемали Саити, Шпенд Деваја, Рахилка Стојковска и Африм Фидани) пишува дека СЈО на 21 февруари доставило писмен предлог (НСК-КОЖ бр. 11/19), кој Врховниот суд воопшто не го имал предвид при одлучувањето, зашто сметал дека СЈО „нема својство на овластен тужител во оваа постапка“.

извадок од Решението на Врховен Суд

Оттука збунувачка е денешната изјава на Вангеловски за ТВ „Телма“ во која се обидува топката да ја врати кај СЈО, иако при носењето на решението за укинување на куќниот притвор за Камчев, Вангеловски и другите судии воопшто не го разгледувале писмениот предлог од Специјалното јавно обвинителство. Овој став е базиран на претходно донесеното начелно правно мислење од Врховен суд дека за сите случаи за кои не е поднесено обвинение до 30 јуни 2017 г., СЈО потоа е неовластен тужител.

Во документот што го ставаме на увид на јавноста може да се прочита и ставот на СЈО при продолжувањето на куќниот притвор за Камчев на 7 февруари од Апелацискиот суд.