РАБОТАТА НА УСТАВНИОТ СУД И ОДЛУЧУВАЊЕТО СЕ РЕДУЦИРА НА ПЕТ СУДИИ, КАЦАРСКА ПОБАРА СОБРАНИЕТО ШТО ПОСКОРО ДА ИЗБЕРЕ НОВИ

0
983

Уставниот суд функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место. Ќе се сведе работата само на 5 судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат 9 судии. Тоа е ставот на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Таа предупреди дека без нови судии ќе се предизвика штета врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот.
“Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење барам и апелирам до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што следствено значи губење на доверба во правниот систем” –  рече судијката Кацарска.