ПЛАТНИТЕ УСЛОВИ ЗА ДОКТОРИТЕ И МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ СЕ ПОДОБРУВААТ, ФИЛИПЧЕ: НОВАТА ГОДИНА ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕМЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ 5% ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

0
612

“Новата 2022 година ја започнуваме со 5% зголемување на платите на сите вработени во здравството. Денеска за ова потпишавме анекс на колективен договор со синдикалните здруженија на вработените во здравствството.

Шестотини милиони денари од буџетот за 2022 година се издвоија за зголемување на платите на вработените во здравството. Во изминативе 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани.

Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар.
Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.”

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ