МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ВО ПОТРАГА ПО НОВА ХИБРИД НАПАЃАЧКА 9-КА, ЗВЕЗДАТА НА РИВЕР ПЛАТА ХУЛИАН АЛВАРЕЗ НА ЧЕКОР ДО НОВ ИГРАЧ НА ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ

0
614

Според аргентинските медиуми еден од гигантите во европскиот фудбал и на островот Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за младиот аргентински напаѓач, Хулиан Алварез.

За неговиот трансфер лично инсистирал новиот менаџер на црвените ѓаволи Ралф Рагник кој според најновите информации кои излегуваат по англиските медиуми е тоа дека германскиот стратег и татко на пресинг фудбалот е незадоволен од формата на напаѓачите во клубот посебно од Антони Марсијал кој се поизвесно е дека ќе отиде на позајмица во шпанската Ла Лига во Севилја во Јануар.

Според аргентинските медиуми Алварез е силно линкуван со Манчестер Јунајтед како класична 9-ка играч но и како хибриден напаѓач за ротации во нападот со кој Рагник сака да внесе свежина и да ја размрда напаѓачката формација и конечно да ја скрши негативната магија која ја има најтрофејниот англиски клуб уште од 2013-та по пензионирањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.