ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА ЗАБРАНА НА СПОРНИТЕ ИМИЊА ,,ЦАР БОРИС” И ,,ВАНЧО МИХАЈЛОВ”, СИГНАЛИ ОД ВЛАСТА ДЕКА ЌЕ ПРИФАТАТ

0
414

Ние предлагаме закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, да се злоупотребува правото на граѓаните да се здружуваат. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во моментов во Македонија, такви има две и во најава е уште едно, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

-Ако власта е чесна треба да го стави прва точка на дневен ред во Собранието измените на законот за здруженија и фондации предложени од ВМРО-ДПМНЕ, па после тоа да се гледаат другите точки. Тие не се финансирани ниту од членовите на здруженијата, ниту преку бугарското МНР, туку од една фондација каде главен финансиер и сопственик е еден бугарски тајкун, главно присутен во медицинскиот бизнис, кој хара низ Македонија. Клучното прашање и за Агенцијата за разузнавање, агенција за национална безбедност и финансиско разузнавање е што прават овие три институции и зошто спијат?, рече Николоски во Дневникот на Сител.

Според вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ овој закон, кој е стар десетина година треба да се ревидира.

– Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа.