ШОКАНТНО: ДРИСЛА МУ ГО ПЛАЌАЛА АДВОКАТОТ НА САШО МИЈАЛКОВ, 4000е МЕСЕЧНО ЛАПАЛ ШВРГОВСКИ!

0
1254

Вработениот во Дрисла, кој живе во Австралија, а примал плата со месеци е кумашин на поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, дознава 24 Инфо.

Според извори на 24 Инфо во Дрисла, вработените биле револтирани од тоа што нивниот колега прима пари, а не работи, па по разрешување на претходниот директор, Горан Ангелов веднаш се пожалиле на новиот директор, Коста Начевски. По ревизијата на сметководството било утврдено дека вработениот повеќе од три месеци не доаѓал на работа, а се водел дека е на годишен одмор, по што добил отказ како што налага законот. Тој сакал да се извлече така што планирал деновите од годишниот одмор за 2020 и за 2021 година да ги вкалкулира во времето кое престојувал во Австралија.

Скандалот со „Австралиецот“ го обелодени скопскиот градоначелник, Петре Шилегов во средата при посета на депонијата. Tој се правдал дека не можел да се врати поради пожарите во Австралија, односно останал да помага во гасењето.

Како што дознава 24 Инфо, истото лице е поврзано индиректно со уште една дубиоза во работењето на „Дрисла“. Негов кум е Шврговски, кој бил ангажиран од претпријатието.

Шврговски добивал по 4.000 евра месечно, но доаѓањето на новиот директор, договорот бил раскинат.

Шилегов неодамна обелодени дека од ревизиијата било утврдено оти Дрисла секој месец плаќала по 10.000 евра за три адвокати, за кои пари за година и пол би можела да ја купи машината за сепарирање, која депонијата ја нема, а чини 200.000 евра.