ПРОЧИТАНА КАКО БУКВАР, НАТАША КОТЛАР СО МЕСЕЦИ АПОЛОГЕТСКИ ОДРАБОТУВАШЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА ВОЗВРАТ ЌЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТУРА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР: ВМРО-ДПМНЕ ПРЕТСТАВИ И СВОИ АДУТИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА

0
1683

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одржа партиска прес-конференција и јавно објави дел од кандидатите за градоначалници кои што ќе бидат официјално поддржани за локалните избори во октомври. За другите потенцијални кандидати се’ уште траат внатрешните анкети пред да се донесе конечна одлука до крај на месецов. Интересно е тоа што за општина Центар, ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поддржи кандидатката од партијата на Солза Грчева, Наташа Котлар која што со месеци медиумски бранеше провидни квазипатриотски потези очигледно за личен политички ќар место да биде непристрасна историчарка.

Сигурни кандидати засега се:

Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата;

Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник;

Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја;

Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен;

Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник;

Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки;

Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник;

Велес – Марко Колев, од невладин сектор;

Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката;

Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител;

Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки;

Валандово – Тони Узунов, стопанственик;

Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината;

Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство;

Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки;

Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист;

Демир Капија – Андон Донев, наставник;

Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер;

Прилеп – Борче Јовчевски, доктор-ортопед;

Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител;

Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси;

Новаци – Стевче Стевановски, агроном;

Вевчани – Спасе Кочовски, социолог;

Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт;

Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг;

Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика;