БОМБА на тимот на УСАИД за антикорупција: Постои сомнение дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ перела пари за време на претседателските и предвремените парламентарни избори во периодот 2013/2014!

0
1088

Тимот на УСАИД за антикорупција упатува на  постоење основи на сомнение дека владејачката ВМРО ДПМНЕ перела пари за време на претседателските и предвремените парламентарни избори во периодот 2013/2014 година. Сите извештаи, како што истакна Ана Јанева Делева од Транспаренси Македонија покажуваат негативно салдо на партиските сметки, пренесува ТВ21.

„Најпроблематично е тоа што партијата изгледа знаела колку пари ќе добие на изборите и така го израчунала и минусот, односно го затворила минусот со парите што ги добила од државниот буџет. Што е еден голем проблем.“, изјави Ана Јанева Делева.

Делева  прашува како партијата на власт можела да пресмета колку пари ќе добие од Буџетот, односно колку гласачи ќе има. Тимот на УСАИД ,Транспаренси Македонија, МЦМС и УСАИД  имаат забелешки и на договорите за лобирање, суми  кои  ВМРО ДПМНЕ ги исплаќал на одредени фирми за лобирање во САД.

„Во овие договори  ВМРО ДПМНЕ досега има исплатено 1,7 милиони долари. Проблемот кој што тука го посочуваме е сумата што е навистина една голема сума за македонски услови.  Овие се огромни финансиски средства со кои располага партијата а во исто време партијата не може да покажа од каде доаѓа до овие средства.“, изјави Делева.

Најголем број на политички партии во Македонија се нетранспарентни во трошењето на парите, велат од УСАИД. Потенцираат и дека недостатокот на заштита им остава простор на работодавачите да се спротистават на пријавувањето, а потенцијалните укажувачи се обесхрабрени да пријават корупција.

Извор: ТВ21