НА ВЧЕРАШНИОТ АНТИВАКСЕРСКИ ПРОТЕСТ БЕА УПАТЕНИ ОСТРИ НАВРЕДИ И ЗАКАНИ КОН НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ, ЗНМ: ЈАВНОСТА ИМА ПРАВО ДА БИДЕ ИНФОРМИРАНА И НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПОПРЕЧУВА НОВИНАРИТЕ ВО НИВНАТА РАБОТА

0
891

Здружението на новинари на Македонија бара од МВР гаранција за безбедноста на присутните новинари и сниматели на антиваксерските протести.

“Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на другите, во случајов новинарите, бараме итна превентивна реакција на институциите” – тоа е ставот на ЗНМ.

Говорот на омраза кон одредена група може да поттикне насилство од омраза за кое кривичниот законик предвидува поголеми затворски казни. Исто така, новинарите кои се службено присутни на јавни протести со цел истите да ги проследат таму се на работна задача во интерес на јавноста и правото на информирање. Нарушување на нивната безбедност од јавни настани го ускратува и правото на граѓаните да бидат информирани.

“На вчерашниот јавен протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција беа упатени вулгарни пораки и груби навреди кон новинарите, а на тој начин индиректно ја загрозија безбедноста на новинарите и снимателите кои беа присутни да го проследат овој настан. Анонимните говорници на овој протест не само што самите преку својот говор ја загрозија безбедноста на медиумските работници, тие дополнително ја поттикнаа и присутната толпа да учествува во омаловажувањето новинарите” – реагира ЗНМ.