ГЕРАСИМОВСКИ: Д-Р ЏЕМИЛЕ Е ПРВАТА НАША РОМКА КОЈА ЗАВРШИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ И СИОТ СВОЈ РАБОТЕН ВЕК ГО ПОМИНАПОМАГАЈЌИ ИМ НА ЛУЃЕТО

0
239
Вчера во КСП Центар – Јадро ја имаше својата прва промоција на автобиографската книга „Мојот сон“ во која автентично ги пренесува нејзините животни премрежија и предизвици низ кои поминала градејќи ја својата кариера.
Во нејзиниот труд д-р Берат испраќа порака до сите млади Роми дека и покрај реалните тешкотии со силна волја и доволна истрајност може да се стасаат до „врвот“.
Честитки до д-р Џемиле за нејзиното дело кое верувам дека ќе помогне и ќе охрабри многу Роми да успеат да изградат своја кариера.
Воедно им го честитам денешниот Меѓународен ден на Ромите на сите мои сограѓани, со порака дека остануваме посветени на градење мултиетничко општество, во кое ромската заедница е нераскинлив и рамноправен чинител во нашиот Центар.