ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПОДДРШКА ЗА ПОСЛЕДНИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН МЕЧ НА ГРАНДЕ ПАНДЕВ: ВРЕМЕ Е ТВОЕТО ИСКУСТВО И ЗНАЕЊЕ ДА ГИ ПРЕНЕСЕШ И НА ПОМЛАДИТЕ ИГРАЧИ

0
193
Pandev

Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев денеска заокружува европски и светски успех.

Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за #MKD на #EURO2020.

Има ли подобро финале за нашиот Гоче?

Сега е време неговото знаење и искуство да го пренесе на нашите млади фудбалски таленти.

Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ