OnePlus ќе лансира ново High Class чудовиште од телефон со двојна камера и цена од 249 долари

0
905

oneplus-x-02

Еден од најбрзорастечките кинески производители на паметни телефони, таканаречениот убиец на смартфони од високата класа, OnePlus, до крајот на годинава ќе лансира нов телефон во понудата, кој ќе има неколку различности во однос на OnePlus 2, но и пониска цена.

Телефонот веќе го најави директорот на компанијата Карл Пеи, уште на претставувањето на OnePlus 2 и рече дека овој уред бил уште повозбудлив од двојката. Новиот уред треба да биде лансиран пред крајот на годината, веројатно за OnePlus да ги фати божиќните празници.

А со цена од само 249 долари, новиот телефон секако дека ќе биде на радарот на многу купувачи. Од она што можеме да го видиме на првите протечени фотографии, дизајнот ќе биде сличен на оној на OnePlus 2, со таа разлика што тука изработката веројатно ќе биде од поликарбонатна пластика со мат финиш.

oneplus-x-01

На задниот поклопец убаво се гледаат и две камери, кои се веројатно поставени за да се добие ефект на плиток фокус кај фотографиите, како што беше со HTC One M8, а убаво може да се види и читачот за отпечатоци на прсти. Во долниот дел има два отвори за звучници, што значи дека можеби ќе биде вграден и стерео звук.

Иако нема подетални информации за спецификациите на телефонот, според цената би можеле да претпоставиме дека нема да биде вграден најмоќниот чип во моментот, односно возможно е тоа да биде Snapdragon 808 или дури и Snapdragon 620.

Извор : Smartportall